Актуелниот шампион Италија ги доби Шпанија, Хрватска и Албанија за противници во една од поинтересните групи за претстојното Европско првенство во фудбал, во Германија в година. Ова е резултат од ждрепката за континенталниот турнир влечена попладнево во Хамбург, Германија.
Група А: Германија, Унгарија, Шкотска и Швајцарија
Група Б: Шпанија, Албанија, Хрватска и Италија
Група Ц: Англија, Данска, Словенија и Србија
Група Д: Франција, Австрија, Холандија и победник од плејоф – Лига А
Група Е: Белгија, Романија, Словачка и победник од плејоф – Лига Б
Група Ф: Португалија, Турција, Чешка и победник од плејоф – лига Ц
Во плејофот на лига А ќе играат Велс – Финска и Полска – Естонија, во лига Б ќе се сретнат БиХ – Украина и Израел – Исланд, а во лига Ц двојките се Грузија – Луксембург и Грција – Казахстан. Победниците на полуфиналињата (на 21 март 2024 година) ќе се сретнат во финалињата (26 март), а трите селекции победници од тие мечеви ќе играат на ЕП 2024.
Домаќинот, трикратниот европски првак Германија, како носител, автоматски се најде во групата А и ќе игра против Шкотска на воведниот натпревар на ЕП 2024, во Минхен, на 14 јуни (21 часот) в година. Финалето треба да се игра на 14 јули 2024 година, во Берлин.
All set for EURO 2024! 🤩#EURO2024 pic.twitter.com/QXnMaOBeBZ
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) December 2, 2023