Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, истакна дека секојдневно слуша гласини за негово отпуштање и дека тоа влијае на неговиот тим.
Гатузо во ноември беше назначен за тренер, а по одличниот старт Милан не успеа до крајот на сезоната да обезбеди пласман во Лигата на шампионите или да освои некој трофеј.
Меѓутоа, со смената на сопственичката и раководната структура се почести станаа гласините за доаѓање на тренерот Антонио Конте, кој беше отпуштен од Челзи и во моментов е без ангажман.
– Слушам како секојдневно се говори за моја смена. Важно е дадете се од себе, а одлуката ќе ја донесат оние кои го водат клубот. Момците секој ден читаат информации и разговараат со сопствениците. Додека трае преодниот рок ќе биде така, но за жал тоа носи лошо расположение во екипата – нагласи Гатузо.
Милан се наоѓа на турнеја во САД, каде вечерва ќе игра пријателски натпревар против Тотенхем.