ФУДБАЛ
Светската фудбалска федерација (ФИФА) отвори канал за емитување на Вотсап со цел на фудбалските вљубеници низ светот да им презентира вести во реално време за работата и настаните на ФИФА и нејзините водечки турнири, објави ФИФА. Каналот, со кој следбениците ќе можат да комуницираат преку низа емотикони, ќе ѝ овозможи на ФИФА да споделува редовни ажурирања за гледачите низ светот.
Објавите ќе имаат широк фокус, нагласувајќи ги вестите на теренот и надвор од него, пишува ФИФА. Вести за турнирите и настаните на ФИФА, како што се најавите за земјата домаќин и работилниците за тренери и судии, и програмите на ФИФА, како што се ФИФА форвард, ФИФА фудбал за училишта и Шемата за развој на таленти на ФИФА, ќе ја формираат основата на она што гледачите може да очекуваат да го видат на каналот за емитување. Ќе има и објави на ранг-листата на ФИФА, моменти од светските првенства, како и вести за волонтерски можности и билети за претстојните турнири, како што е клупското Светско првенство годинава. Н.М.