Идејата беше прифатена бидејќи ФИФА има должност да го анализира секој предлог на членовите на Советот, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на ФИФА. СП 2030 ќе се одржи во Мароко, Шпанија и во Португалија, а Аргентина, Парагвај и Уругвај ќе бидат домаќини на три меча

ФУДБАЛ

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе го разгледа предлогот за проширување на Светското првенство (СП) во 2030 година на 64 репрезентации за да се одбележи стогодишнината од настанот на овој спорт, пишува агенцијата „Ројтерс“
Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Мароко, Шпанија и во Португалија, а Аргентина, Парагвај и Уругвај, каде што се одржа инаугуративното издание на светските првенства во фудбал, ќе бидат домаќини на три натпревари. Светскиот шампионат веќе е проширен од 32 на 48 репрезентации за изданието што идната година ќе се игра во САД, Мексико и во Канада.
– Предлогот да се анализира Светското првенство со учество на 64 репрезентации за да се прослави стогодишнината од светските шампионати во 2030 година беше спонтано побаран од член на Советот на ФИФА, под точката „разно“ на дневниот ред пред крајот на состанокот на Советот на ФИФА, одржан на 5 март годинава. Идејата беше прифатена бидејќи Светската фудбалска федерација има должност да го анализира секој предлог на членовите на Советот – изјави за „Ројтерс“ портпаролот на Светската фудбалска федерација. Н.М.