ФОРМУЛА 1
ФИА и Рикардо дадоа дозвола повторно да се користи бројот три. Возачите претходно мораа да се држат до истиот број во текот на нивните кариери и не смееја да се тркаат две сезони по ред пред да може бројот да се пренамени
Макс Ферстапен ќе го земе стариот број три на Даниел Рикардо за следната сезона, сега кога Ландо Норис го стави бројот еден на својот Мекларен како светски шампион во Формула 1, пишува агенцијата „Ројтерс“. Четирикратниот светски шампион се тркаше со бројот 33 до својата прва титула во 2021 година.
– Мојот омилен број отсекогаш бил три, освен бројот еден. Сега можеме да замениме, па ќе биде бројот три. Бројот 33 отсекогаш беше во ред, но јас само сакам една тројка повеќе од две. Секогаш велев дека тоа претставува двојна среќа, но веќе ја имав среќата во Формула 1 – изјави холандскиот возач за „Виаплеј“, пренесе „Ројтерс“.
Австралиецот Рикардо му беше колега на Ферстапен во екипата на Ред Бул од 2016 до 2018 година, но сега е пензиониран. Светската автомобилска федерација (ФИА) и возачот дадоа дозвола повторно да се користи бројот три, пишува „Ројтерс“.
Возачите претходно мораа да се држат до истиот број во текот на нивните кариери и не смееја да се тркаат две последователни сезони пред да може бројот да се пренамени, пишува „Ројтерс“. Рикардо последен пат се тркаше во Сингапур, во септември, минатата година.
Норис овој месец потврди дека го заменува својот број четири со оној на шампионот. Н.М.
































