Унгарскиот клуб Ференцварош или Карабах од Азербејџан, ќе биде последната пречка што треба да ја мине македонскиот првак Шкупи за да се пласира во групната фаза во Лига Европа. Тимот на Гоце Седлоски претходно ќе треба да го елиминира ирски Шамрок во третото коло од квалификациите во ЛЕ.
Ждребката не беше наклонета кон Шкупи, со оглед дека се работи за силни ривали. Но, на клубот од Чаир му претстојат дуелит против Шамрок Роверс.
Првиот меч е в четврток во Република Ирска, а потоа следува реваншот во Македонија.
Македонскиот претставник Шкендија го доби евентуалниот противник во плејофот во Конференциската. Доколку тетовци го минат АИК Стокхолм, следен ривал може да им биде Фенербахче или Словачко.