ФУДБАЛ
Плејмејкерот на Арсенал и на англиската фудбалска репрезентација Англија, Еберечи Езе (27), играше против шаховскиот велемајстор Магнус Карлсен во реклама за бренд за облека, пишува специјализираната шаховска интернет-страница „Чес“. Езе стана еден од најпознатите љубители на шахот во фудбалот, откако го одушеви шаховскиот свет со освојувањето на турнирот на славни личности на „Чес“, кој стана еден од најгледаните настани во 2025 година, пишува „Чес“.
Но кога не постигнува голови за Арсенал, кој се трка за титула во Премиер-лигата, тој поминува време зборувајќи за својата љубов кон шахот. Во ноември тој го посети своето старо училиште за да се сретне со младите навивачи и да почне шаховска иницијатива во партнерство со „Чес“. Сега, тој ја однесе таа страст чекор понатаму со појавување во реклама, заедно со Карлсен. Рекламата беше споделена на инстаграм-профилот на Езе, кој има 2,7 милиони следбеници, а и на разни профили на Икс.
– Шахот тренира шеми во вашиот ум. Ви помага да размислувате однапред. Тренирате на начинот на кој размислувате, обидувајќи се да станете подобри и да изработите различни начини за победа во игрите. За мене, тоа е самоподобрување – рече Езе за јутјуб-каналот „Мен ин блејзерс“. Г.И.
































