ФУДБАЛ
Со дуелот Кипар – Сан Марино од 18 часот почнуваат и европските квалификации за пласман на Светското првенство (СП) в година во САД, Мексико и во Канада, во кои Македонија првиот натпревар го игра утре (од 15 часот), на гости, со Лихтенштајн. Денеска се и дуелите Полска – Литванија, Малта – Финска, Романија – БиХ, Англија – Албанија и Андора – Летонија (сите од 20.45 часот). Второто коло на програмата е в понеделник и во вторник, кога македонската селекција игра дома со Велс, во групата Ј, во која се и Белгија и Казахстан. За Европа на претходните пет светски фудбалски шампионати имаше 13 или 14 места, кога на тие првенства настапуваа по 32 селекции. СП 2026 ќе биде првото на кое ќе играат вкупно 48 репрезентации, а за Европа сега има рекордни 16 места, едно повеќе од планетарните првенства во 1998 и во 2002 година, кога настапија по 15 европски селекции. Н.М.