Андреас Шер, управен директор на ЕП 2024, опиша како одржливоста ќе биде „дел од ДНК на турнирот“. На пример, распоредот на мечеви за групната фаза е дизајниран да го минимизира патувањето помеѓу 10-те града-домаќини
Германската влада, Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) и Европската фудбалска унија (УЕФА) ја истакнаа решеноста да работат заедно за да се осигурат дека Европското првенство (ЕП) в година, чиј домаќин е Германија, ќе биде најодржливото Европско првенство досега, пишува УЕФА.
– Работиме секојдневно заедно на ова. ЕП 2024 е голема можност за нас да покажеме како одржливоста може да биде движечка сила за успехот на настанот. Наследството не е само за Германија, туку и за целиот европски фудбал и за други спортови ако можеме да ги инспирираме – рече Микеле Ува, директор на УЕФА за социјална и еколошка одржливост.
Андреас Шер, управен директор на ЕП 2024, опиша како одржливоста ќе биде „дел од ДНК на турнирот“. На пример, распоредот на натпревари за групната фаза е дизајниран да го минимизира патувањето помеѓу 10-те града-домаќини на натпреварувањето.
– Распоредите на натпреварите се веќе поставени и се обидовме да ги направиме одржливи. Одржливо значи дека секоја репрезентација ќе игра двапати на едно место. Тоа им овозможува на селекциите да го запознаат стадионот и им дава можност на гледачите да останат на истото место за два натпревара. Тоа е многу важен дел од нашата стратегија за одржливост, а кога репрезентациите и гледачите ќе треба да патуваат, би сакале тоа да биде со автобус или со воз – рече Мартин Кален, извршен директор во УЕФА.
Како што беше најавено претходно овој месец, сопствениците на билети што патуваат во земјата-домаќин ќе можат да купат национални билети за воз на долги релации со попуст, а откако ќе стигнат во градовите домаќини, гледачите со билети за натпреварите ќе можат да користат јавен превоз бесплатно 36 часа, пишува УЕФА.
– Сакаме ЕП 2024 да води со пример, создавајќи одржлив модел што ќе важи за сите натпреварувања – рече Ува. Н.М.