Фото: „Нова Македонија“

За периодот од 2020 до 2025 година Бразил е прв, со 3.020 фудбалери во странство, пред Франција, Аргентина…

АНАЛИЗА НА ЦИЕС

Бразил е на врвот на листата за најмногу фудбалери во странство, според анализата на Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС). ЦИЕС ги претстави најдобрите 100 земји што извезле најмногу фудбалери во 135 домашни првенства низ целиот свет помеѓу 2020 и 2025 година.
Така, со 3.020 фудбалери во странство, Бразил е на првото место на оваа ранг-листа, пред победниците на двете претходни светски фудбалски првенства, Франција, со 2.293, и Аргентина, со 2.171 фудбалер во странство, пишува ЦИЕС.
Меѓу првите десет на листата на ЦИЕС се и Англија, Шпанија, Германија, Колумбија, Нигерија, Србија и Хрватска, а потоа се и Холандија, Португалија, Уругвај, Гана, Белгија, Шведска, Украина, Сенегал, Данска…
Најголем пораст во периодот од 2020 до 2025 година во апсолутна вредност е забележан за Франција (плус од 372 фудбалери што играат во странство). Н.М.