Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

  • Тимот од Арктичкиот Круг на домашен терен славеше во првиот дуел од осминафиналето, со Спортинг, со 3-0

Норвешкиот првак Боде/Глимт со победа во првиот осминафинален меч ја продолжи својата сезона од бајките, на дебито во Лигата на шампионите (ЛШ), и се доближи до резултатите на некои од најуспешните клубови откако ова натпреварување се игра како Лига на шампионите, од сезоната 1992/1993. Тимот од Арктичкиот Круг на домашен терен славеше на натпреварот со португалскиот Спортинг, со 3-0. Реваншот на програмата е идната недела во Лисабон.
Реал Мадрид од Шпанија (1956 година), Интер од Италија (1964 г.), Селтик од Шкотска (1967 г.), Нотингем форест од Англија (1979 г.) и Астон вила од Англија (1982 г.) се ненадминати дебитанти во најсилното европско фудбалско клупско натпреварување, откако сите во соодветните години ја освоија континенталната титула во своето прво учество во тогашниот Куп на европските шампиони (КЕШ).
Во поново време, откако натпреварувањето се игра како Лига на шампионите, меѓу клубовите дебитанти се истакнаа шпанскиот Вилјареал со настапот во полуфиналето во сезоната 2005/2006, потоа учесниците во четвртфиналињата, францускиот Оксер (сезона 1996/1997), германскиот Баер (1997/1998), шпанската Ла Коруња (2000/2001), шпанската Малага (2012/2013), англискиот Лестер (2016/2017), италијанската Аталанта (2019/2020)…, според податоците на Европската фудбалска унија (УЕФА). Н.М.


НАЈДОБРИ ДЕБИТАНТИ ОТКАКО СЕ ИГРА ЛШ

КЛУБ ПЛАСМАН, СЕЗОНА
Вилјареал полуфинале, 2005/2006
Оксер четврт-финале, 1996/1997
Баер четврт-финале, 1997/1998
Ла Коруња четврт-финале, 2000/2001
Малага четврт-финале, 2012/2013
Лестер четврт-финале, 2016/2017
Аталанта четврт-финале, 2019/2020
Извор: УЕФА