Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, по завршувањето на сезоната ќе биде слободен фудбалер. Медиумите во Шпанија и Италија, тврдат дека тој веќе добил неколку понуди, со што самиот ќе реши дали ќе остане во Ла Лига или ќе се пресели во Серија А.
Европскиот великан Милан како што тврдат медиумите на Апенинскиот Полуостров, сака да го донесе Барди до крајот на зимскиот преоден рок. Наводно, понудиле 5.000.000 евра за фудбалерот на Леванте.
Од италијанските тимови, за Барди, бил заинтересиран и Торино, на чија клупа седи Хрватот Иван Јуриќ.
Од шпанските клубови интерес за Барди покажал Сосиедад. Клубот од Сан Себастијан има желба да го донесе Барди по завршувањето на сезоната, кога тој ќе биде слободен играч.
Леванте е последен на табелата во Ла Лига, но како и да заврши оваа сезона за тимот од Валенсија, извесно е дека Барди ќе биде еден од играчите што ќе замине од клубот.