- Двата тима се водечки во Премиер-лигата и се во трка за уште два трофеја во Англија, ФА-купот и Лига-купот, како и за европскиот пехар во Лигата на шампионите. Освојувањето на четири вакви титули во една сезона е остварено претходно, од Селтик, во сезоната 1966/67, пишува „Би-би-си“
Првпат два англиски клуба во март уште се во трка по четирикратна фудбалска круна, за трофеите во Премиер-лигата, ФА-купот, Лига-купот и во Лигата на шампионите. Тоа се трите најценети домашни трофеи и елитната титула во Европа, пишува „Би-би-си“.
Арсенал и Манчестер сити можат да ги освојат сите четири со оглед на тоа што се во игра за титулата во Премиер-лигата, играат во ФА-купот и во Лигата на шампионите, и се среќаваат во финалето на Лига-купот подоцна овој месец. Ждрепката за Лигата на шампионите минатата недела одреди дека водечките две екипи во Премиер-лигата сезонава можат да се сретнат само во финалето за европската титула.
Освојувањето на четири вакви титули во една фудбалска сезона е остварено претходно. Шкотскиот Селтик ги освои сите тие трофеи во сезоната 1966/67, со екипа родена на триесетина километри од стадионот на Селтик, пишува „Би-би-си“.
Но колку беа блиску други клубови до комплетирање на четирикратната круна? Освојувачите на тројната круна, Манчестер јунајтед во сезоната 1998/99 и Манчестер сити во сезоната 2022/2023, беа најблиску до четири пехари во една сезона, во однос на освоените трофеи, но двата тима во тие сезони беа елиминирани од Лига-купот во четврт-финалињата (Јунајтед во декември, Сити во јануари), што значи дека ниту еден од нив не играше во сите четири натпреварувања во вториот дел од сезоната.
Тие остануваат единствените англиски клубови што освоиле таква тројна круна (првенство, куп и европска титула), Ливерпул во сезоната 1983/84 беше англиски и европски првак и победник на Лига-купот, а Манчестер сити оствари домашен троен триумф во сезоната 2018/2019, пишува „Би-би-си“. Што се однесува до датумите, сезоната 2021/2022 на Ливерпул е најблиску што еден англиски клуб стигнал до четири трофеи, кога „црвените“ веќе ги обезбедија двата домашни купа, за еден бод не беа прваци на Англија и загубија во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид, шест дена подоцна, пишува „Би-би-си“ итн.
Низ целиот континент, пак, концептот на Лига-куп е редок, што значи дека речиси сите доминантни европски фудбалски клубови никогаш не освоиле ваква четирикратната круна, откако Франција го укина Купот на Лигата во 2020 година, краткотрајниот Лига-куп на Шпанија траеше четири сезони во 1980-тите, германскиот Лигапокал беше укинат во 2007 година, а Италија никогаш не организирала еквивалентно натпреварување, пишува „Би-би-си“.
Откако Арсенал и Манчестер сити викендов се пласираа понатаму во ФА-купот, финалето на Лига-купот помеѓу двата тима, на стадионот „Вембли“, во Лондон, на 22 март, ќе добие дополнително значење, а потоа во април тие се среќаваат меѓу себе на стадионот „Етихад“ во дуел од Премиер-лигата, во натпревар што би можел да биде одлучувачки за титулата во Англија, пишува „Би-би-си“. Н.М.
































