Јувентус ги одбил сите понуди за трансфер на напаѓачот Паоло Дибала, соопшти „Тутоспорт“.
Во канцелариите на торинскиот гигант пристигнале барања за Аргентинецот од неколку клубови, меѓу кои ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер Сити, но сите тие не ги задоволуваат финансиските барања на шампионот на Италија.
Јувентус нема намера да се раздели со Дибала за сума помала од 100 милиони евра, се вели уште во информацијата.
Дваесет и пет-годишниот напаѓач игра за „Старата Дама“ од 2015 година и за овој период освои седум трофеи – три Скудета, три Купа и еден Суперкуп на Италија.