Фудбалерите на Шкупи се поразени од Глазгов ренџерс со 0-2 на гости, во вечерашниот прв меч од воведното квалификациско коло за Лига Европа.
Поранешниот англиски репрезентативец, Стивен Џерард, дебитираше на менаџерската функција во шкотскиот клуб на овој дуел.
Џејми Марфи во 23-та минута и Џејмс Таверние од пенал во судиското надополнување од натпреварот беа стрелци за Ренџерс.
Реваншот во Скопје се игра во вторник.