Тетовските фудбалски клубови Шкендија и Ренова, односно Силекс од Кратово ги дознаа имињата на противниците во второто квалификациско коло во Лига Европа.

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Шкендија за противник го доби романскиот тим Ботошани. Дресот на Ботошани го носат двајца Македонци, Давид Бабунски и Стефан Ашковски.

Ренова пак за пласман во третото коло ќе се бори со Хајдук од Сплит. Силекс кој испадна од првото коло во Лигата на шампионите, се пресели во Лига Европа. Противник на лидерот во домашното првенство ќе биде претставникот на Косово, Дрита.

Натпреварите се играат на 17 септември. Ренова ќе го пречека Хајдук во Скопје, Шкендија ќе гостува во Романија кај Ботошани, а Силекс ќе и биде домаќин на Дрита.


Адеми против Ференцварош, Црвена звезда ја извлече Омонија

Шампионот на Хрватска Динамо Загреб за кој настапува македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и Црвена звезда ќе гостува кај Ференцварош во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Српскиот првак Црвена звезда, пак, ќе гостува кај кипарска Омонија. Ова е резултат од ждрепката влечена во Нион, Швајцарија. Натпреварите од третото коло ќе се одиграат на 15 и 16 септември.