Македонскиот шампион Шкендија и вицешампионот Шкупи претрпеа порази во првите мечеви од второто квалификациско за пласман во фудбалската Конференциска лига на УЕФА.
Шкендија загуби на гостувањето кај летонска Рига со 0-2, а Шкупи од португалска Санта Клара со 0-3 во Скопје.
Реваншите се играат за седум дена.
Шкендија настапува во квалификациите за Конференциската лига откако беше елиминирана од натпреварите за пласман во Лигата на шампионите.