Шкендија на 24 септември ќе го пречека Тотенхем во третото квалификациско коло во Лига Европа. Доколку направат сензација и го елиминираат фаворизираниот англиски клуб, фудбалерите на Шкендија за пласман во фазата по групи ќе играат натпревар на домашен терен.
Евентуална победа над Тотенхем на Шкендија ќе и овозможи плејоф меч на 1 октомври против победникот од натпреварот помеѓу Ростов (Русија) и Макаби Хаифа (Израел).