Фудбалерот на Ливерпул и член на англиската репрезентација Алекс Окслејд-Чембрлејн нема да игра на Светското првенство во Русија поради повредата на коленото која ја доби на првиот полуфинален натпревар против Рома од Лигата на шампионите.
Англискиот репрезентативец настрада во дуел со Александар Коларов и во првото полувреме на носилки беше изнесен од теренот.
Веднаш по натпреварот тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потврди дека фудбалерот подолг период ќе биде отсутен.
– Окслејд-Чембрлејн ќе го пропушти остатокот од сезоната во Ливерпул и Светското првенство во Русија. Тој ќе биде подготвен дури за стартот на следната сезона – соопштија од англискиот клуб.
Во слична ситуација Окслејд-Чембрлејн се најде и пред четири години, кога го пропушти и Мундијалот во Брзаил бидејќи се повреди на подготвителните натпревари со Англија.