Фудбалската репрезентација на Хрватска вечерва ја надигра и убедливо ја совлада репрезентацијата на Аргентина со 3:0, во рамки на второто коло од квалификациите по групи на Мундијалот во Русија.
Хрватите одиграа одличен натпревар, а првиот гол го постигна Анте Ребич во 53 минута по голема грешка на аргентинскиот голман Карбаљо.
На 2:0 зголеми Лука Модриќ со прекрасен удар од 20-сеттина метри во 80 минута, а конечниот резултат го постави Иван Ракитиќ во судиското надополнување.
Со оваа победа Хрватите обезбедија осминафинале.