Македонските фудбалски репрезентативци до 21 година со ново реми и се уште без победа и по третиот квалификациски меч за ЕП.
Пулените на селекторот Драган Канатларовски предмалку одиграа 1:1 на гостувањето кај Фарски Острови во рамки на групата Х.
Домаќините рано поведоа на мечот, уште во 8 минута со голот на Јохансен.
Иако Македонија имаше повеќе посед на топката и упати повеќе удари кон противничкиот гол, само еден од нив го најде патот до мрежата на домашниот голман Морк.
Во 55 минута Марко Ѓорѓиевски се запиша во листата на стрелците, по асистенцијата од Филип Антовски.
По три одиграни кола, Македонија е претпоследна со 2 бода, откако и во минатото коло ремизираше (0-0) против Србија во Охрид, а во воведното коло Франција на свој терен беше подобра од нашиот состав со 3-0.
По два одиграни натпревари Украина е стопроцентна со 6 бода.
Во следното коло, за 5 дена македонската репрезентација ќе гостува кај врсниците во Ерменија.