Инцидент во Лисабон
Натпреварот помеѓу резервните тимови на португалските Виторија Сетубал и Олимпико Монтижу во Лисабон беше прекинат, откако дојде до физичка пресметка во која учествуваа речиси сите фудбалери и членови на стручните штабови на двете екипи.
Инцидентот изби во близина на клупите за резервни фудбалери, а малубројните припадници на полицијата беа принудени да пукаат во воздух за да ја прекинат пресметката, како што се забележува на видеоснимката.