Новото правило ќе стапи во сила ако го одобрат 211 национални федерации на конгресот на ФИФА, закажан на 18 септември (ќе се одржи преку интернет), пишува „Асошиејтед прес“

ФУДБАЛ

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за ново правило, со кое ќе им помогне на фудбалерите да можат да настапуваат и за друга репрезентација, со помош на измени што таа неодамна ги најави, пишува „Асошиејтед прес“. Предлогот им дава можност на фудбалерите што ги исполнуваат условите за настап за повеќе репрезентации, но не играле во својот национален тим, за кој тие се обврзани да настапуваат и по само една одиграна минута на официјален натпревар.

Новото правило ќе стапи во сила ако го одобрат 211 национални федерации на конгресот на ФИФА, закажан на 18 септември (ќе се одржи преку интернет), пишува „Асошиејтед прес“. Новата формулација ќе им овозможи на фудбалерите да играат за друга селекција ако, на пример, меѓу другото, играле најмногу трипати за првиот национален тим, вклучувајќи и квалификациски турнирски мечеви, пред да наполнат 21 година и најмалку три години порано.
Во повеќе наврати со ажурирање на правилата, ФИФА всушност сака да разјасни колку долго фудбалерите мора да живеат во некоја држава за да може да играат за таа репрезентација, па, така, целта на предлогот е да им се помогне на играчите што како деца се преселиле со семејствата во нова држава, од нефудбалски причини, и тоа три години престој би биле потребни ако играчот се преселил на возраст пред 10 години, а пет години престој ако тоа го направил помеѓу 10 и 18-годишна возраст, пишува „Асошиејтед прес“.

Постојното правило на ФИФА веќе бара петгодишен престој по наполнети 18 години, ако фудбалерот сака да стекне право на настап за друга репрезентација. ФИФА предлага и играчите што смениле репрезентација да можат да се вратат во првобитната национална селекција ако никогаш не заиграле за другата, како и забрана за промена на фудбалското државјанство на сите што учествувале на светско или на континентално првенство.