Првата верзија би вклучувала повеќе термини за меѓународни средби во ноември и во декември, а втората е да се додадат дополнителни термини во ноември годинава и в година во март, јуни и во септември, што значи дека репрезентациите би играле по три дуели во секој термин, наместо два, пишува „Индепендент“

ФУДБАЛ

Светската фудбалска федерација (ФИФА) бара начини како да го исполни меѓународниот календар во текот на следните 18 месеци. ФИФА им дава приоритет на домашните лиги и во моментов истражува две основни опции како да продолжат натпреварите.
Двете вклучуваат натпреварите во националните првенства да се играат во септември и во октомври, без пауза за меѓународни натпревари, пишува „Индепендент“.

Првата верзија би вклучувала повеќе термини за меѓународни натпревари во ноември и во декември, што би можело да значи играње три до шест натпревари по земја.
Втората варијанта е да се додадат дополнителни термини во прозорците за меѓународен репрезентативен фудбал закажани за во ноември годинава, како и идната година за во март, јуни и во септември.

Тоа значи дека националните фудбалски селекции би играле по три натпревари во секој термин, наместо вообичаените два.
Постои оптимизам дека би можело да се постигне договор за ова. Ситуацијата со коронавирусот создаде многу проблеми на клупско ниво, но извори на повисоко ниво велат дека тоа поттикнало подобра соработка помеѓу националните федерации и другите управни тела по континенти, пишува „Индепендент“.