Англиската Фудбалската асоцијација (ФА) покрена официјална постапка против менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо поради навредливите реплики кои Португалецот ги изрече на адреса на своите критичари по натпреварот со Њукасл пред 10 дена.
Пред овој дуел, кој „црвените ѓаволи“ го добија со 3:2 со гол во последната минута, некои од медиумите на Островот објавија информации дека Мурињо ќе биде отпуштен уште истиот викенд. По последниот судиски сигнал Мурињо почна да пцуе на својот мајчин јазик, што беше „фатено“ од една од камерите.
Мурињо треба да одговори на обвинувањата до крајот на работниот ден в петок.
Според британските медиуми, менаџерот на „црвените ѓаволи“ може да биде казнет да не го води тимот од клупата во дербито со Челси, ако биде прогласен за виновен.