Македонската репрезентација до 21 година убедливо го победи Гибралтар со 6:1 (2:0) во последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2019 година.
Тимот на Добринко Илиевски целосно ја оправда фаворитската улога и не дозволи на противникот шанса да се надева на позитивен резултат. „Црвено-жолтите“ водеа со 2:0 до полувремто со головите на Агрон Руфати во 10-тата и Димитар Митровски во 34-тата минута.
Давор Здравковски од слободен удар ја зголеми предноста на 3:0 на почетокот на вториот дел, а Гибралтар преку Клинтон намали на 3:1 во 62-та.
Само две минути подоцна, Никола Ѓорѓев со убав удар зголеми на 4:1, а својот втор погодок во 71-та минута го постигна Димитар Митровски. „Хет-трик“ фудбалерот на Спортинг Лисабон го оформи во 73-тата минута, кога Митровски го постигна третиот свој гол за конечни 6:1.
Македонија со две победи и еден нерешен резултат во одиграните десет натпревари го заврши циклусот квалификации за пласман на европското во Италија.