Шпанецот Унаи Емери е разрешен од функцијата менаџер на фудбалскиот клуб Арсенал, по 18 месеци на чело, откако дојде на местото на Арсен Венгер. Наместо Емери, тимот привремено ќе води неговиот помошник и поранешен играч од средниот ред Фреди Љунгберг. Емери е сменет „поради резултатите и игрите што не беа на потребното ниво“, објави Арсенал, кој е без победа на минатите седум натпревари, што е најлошата клупска серија од февруари 1992 година, која траеше осум натпревари, под водство на Џорџ Греам.
Емери е третиот менаџер што доби отказ во англиската Премиер-лига сезонава, во третиот лондонски клуб, по Хави Грасија во Вотфорд и Маурисио Почетино во Тотенхем.