Претседателот на УЕФА Александар Чеферин се спротивстави на создавањето на Суперлигата чие создавање беше најавено изминатите денови.
Информациите дека 11 клубови сакаат да создадат своја Суперлига од 2021 година, се појавија во германски „Шпигел“, врз основа на информациите за фудбалските клубови кои ги доби изворот.
– Тоа го повредува целиот фудбал во светот. Покрај тоа, тоа ќе го направи фудбалот повеќе здодевен. Да го гледате Јувентус со Баерн секоја недела е повеќе здодевно, отколку, да речеме, Јувентус со Торино. За мене, ова е јасно прашање. Јас ќе се борам против оваа идеја и ќе сторам сé што е во моја моќ, таква лига да не се формира додека јас сум на чело на организацијата. Ако зборуваме за затворен систем, можеме да заборавиме на солидарноста и развојот на фудбалот. На крајот сите губат – изјави Чеферин.
Според најавите во Суперлигата треба да играат 16 врвни европски екипи.