Двата тима финалисти во Лигата на шампионите ќе добијат по 17 илјади билети за Финалето на 26 мај на Олимпискиот стадион во Киев, објави УЕФА.
Вечерва ќе биде познат вториот тим кој ќе се бори за трофејот, откако од 20:45 часот на „Олимпико“ во реваншот се среќаваат Рома и Ливерпул.
Реал Мадрид веќе резервираше место за Киев, па шпанските медиуми се заинтересирале за квотите за влезници и УЕФА веќе ги откри.
Стадионот во Киев има капацитет од 63.000 места, а во продажба ќе бидат 40.700 билети, додека остатокот одат за официјални гости и спонзори.