фото: Бразилска фудбалска репрезентација

УЕФА може да го натера Пари Сен Жермен да ги продаде Нејмар или Килијан Мбапе, јави шпанското радио „Онда Черо“.

Францускиот шампион е под истрага за прекршување на правилата за финансиски ферплеј и меѓу варијантите е Европската фудбалска централа да го натера клубот да се раздели со еден од двајцата најскапи играчи.
 
Ако парижаните не прифатат, им се заканува многу сериозна парична казна, па дури и забрана за купување нови играчи за одреден период.
 
Реал Мадрид има сериозен интерес за Нејмар и Мбапе, а желбата на Шпанците е еден од двајцата да го замени Кристијано Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“, кој замина во насока Јувентус.
 
Бразилецот Нејмар премина во ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра минатото лето, а Мбапе, кој во јули стана светски шампион со Франција, беше донесен под наем од Монако пред една година со опција за задолжително купување за 180 милиони евра во текот на ова лето.