Италијанскиот фудбалски клуб Палермо на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, по поднесената жалба, ја избегна целосната казна и ќе остане во Серија Б, пишува „Ројтерс“.
Капитенот на сицилијанците Несторовски, не го криеше задоволството на Инстаграм, по одлуката неговиот клуб да остане во Серија Б. Иако силно се шпекулираше за неговото заминување, можеби овој потег е доказ дека напаѓачот ќе остане во дресот на Палермо и следната сезона, пренесуваат некои медиуми блиски до клубот.
Клубот од Сицилија, кој е познат по честото менување на тренери, заврши на третото место оваа сезона, со што се пласираше за бараж-натпреварот за влез во Серија А, но тирбуналот на Италиијанската федерација (ФИГЦ) одлучи да ги казни поради административни нерегуларности и беа позиционирани на 19-тата позиција, која носи во Серија Ц.
Сепак, ФИГЦ преку соопштение ја информираше јавноста дека комитетот одлучил да ја промени казната, одземјаќи им на „розовите“ само 20 поени, што значи дека тие ќе ја завршат сезоната на 11-тото место со 43 поени, далеку од зоната за испаѓање на табелата.
Трибуналот исто така одлучи дека Фоџа, Падова и Карпи, во моментов трите најслабо пласирани екипи одат во понизок ранг на натпреварување, додека тимовите на Салернитана и Специја ќе играат плејоф за да ја избегнат истата судбина.
Сопственикот на Палермо, Маурицио Запмарини, во декември го продаде клубиот на британската група „Спорт Капитал“ за симболична цена од 10 евра. Три месеци подоцна, сопственоста на клубот беше пренесена на соработниците на Зампарини Даниела Де Анџели и Рино Фочи, а претходно овој месец клубот повторно доби нови сопственици и овојпат го презема италијанската мрежа „Аркус“.
Зампарини 16 години раководеше во клубот и беше сопственик, период во кој тој често се наоѓаше на насловните страници на светските спортски весници поради тоа што вработи и избрка дури 40 тренери.
Во моментот кога контроверзниот сопственик го презема Палермо, клубот стагнираше во втората италијанска фудбалска конкуренција, но веќе следната сезона „розовите“ успеаја да изборат пласман во Серија А и по 30 години чекање се вратија во италијанска фудбалска елита.
Во првите неколку годнини под водство на Зампарини, тие лесно завршуваат во горниот дел од табелата, играа во европскиот УЕФА-куп и имаа четири играчи во италијанската репрезентација која го освои Светското првенство во 2006 година.
Палермо повторно испадна од Серија А во 2013 година, веќе следната сезона се врати во елитата, но пак не успеја да избори опстанок во сезоната 2016/17.