По информациите дека се објавени фотографии од починатиот фудбалер Емилијано Сала од мртовечницата, семејството на фудбалерот, како и фудбалскиот свет останаа во шок. Сепак, полицијата реагираше и приведе маж и жена кои се обвинети дека ги ставиле споменатите фотографии на интернет.
Според британските медиуми, детективите ги уапсија осомничените за кои се претпоставува дека на социјалната мрежа „Твитер“ поставиле фотографии на кои починатиот е во мртовечница.
Станува збор за 48-годишна жена и 62-годишен маж кои се ослободени со кауција, а истрагата продолжува.
I can’t believe that there are weird people wanting & asking to see a picture of a dead body. #EmilianoSala pic.twitter.com/fwfGl4IiRT
— FairSociety (@FairSociety3) 29 April 2019
Детективите посочија дека сè е направено за да се отстрани фотографијата и дека се претпоставува дека некој провалил и ги направил контроверзните фотографии. Самиот чин го карактеризираа како срамен.
Детективот Гема Вилтон ги повика луѓето кои ја презеле фотографијата да престанат да ја споделуваат на мрежите, за да не го вознемируваат семејството на Сала и неговите пријатели.