Навивачите на грчки ПАОК за време на синоќешниот дуел во Солун против Спартак Москва (3-2), во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, предизвикаа неколку инциденти.
Првиот инцидент се случи кога руските новинари кои дојдоа да информираат за овој меч, беа нападнати на стадионот на влезот во прес-ложата.
Потоа за време на мечот се користеа ласери за попречување на гостинските фудбалери, а на една трибина беше истакнат и транспарент со пораката „Македонија е една и единствена и таа е тука“. Навивачите на солунскиот клуб и претходно го истакнуваа истиот транспарент на мечевите во грчкото првенство, како и во Лига Европа, поради што клубот беше казнет од Европската фудбалска унија (УЕФА).
Останува да се види дали Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе реагира по инцидентите во синоќешниот дуел.