Англиски Тотенхем и италијански Интер се единствените тимови што можат да триумфираат во шестото издание на Интернационалниот куп на шампионите во фудбал, кој се игра на три континенти, со учество на 18 екипи од Европа.
На три меча до крајот на ова натпреварување годинава, води Тотенхем со седум бода и со гол-разлика 7-3. Од сите други 17 тима, исто толку бодови може да има само уште Интер. Тотенхем ги заврши настапите годинава во ова натпреварување. Интер, пак, има четири бода од два меча и гол-разлика 2-1, а му претстои и средбата со Атлетико Мадрид, во која за титулата на Интер му треба победа со четири гола разлика или победа со резултат 5-2, па да се гледа ферплеј-табелата или секоја друга победа со три гола разлика од резултат 6-3 и повеќе (7-4…).
Според системот на натпревари, секој тим во овој подготвителен период треба да одигра по три меча, по што ќе се формира табелата и тимот со најмногу бодови ќе стане првак.
Претходни победници, тогаш како победник на зоната Северна Америка и Европа (сега првпат ќе има вкупен победник), биле Барселона (2017 година), Пари Сен Жермен (2015 и 2016), Манчестер јунајтед (2014) и Реал Мадрид (2013).