Арсенал ќе се соочи со Атлетико Мадрид во полуфиналето на фудбалската Лига Европа, во кое ќе се сретнат и Марсеј и Салцбург.
Ова е резултат на ждрепката влечена денеска во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
Менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер, во пресрет на ждрепката изјави дека „Арсенал би сакал да го избегне Атлетико, кој е главен фаворит на хартија“.
Арсенал беше елиминиран во последните три нокаут-пресметки против шпански ривали.
Првите мечеви се закажани за 26 април, реваншите се играат на 3 мај.