ФУДБАЛ

Тигрес УАНЛ од Монтереј со пресврт го победи Лос Анџелес со 2-1 во финалето на фудбалската Лига на шампионите во Северна Америка за 2020 година, играно во Орландо, Флорида (САД). Мексиканскиот гигант ги загуби своите претходни три финалиња за континенталната титула, пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата интернет-страница.
Французинот Андре-Пјер Гињак, водечки стрелец на сите времиња во клубот, го постигна победничкиот гол во 84. минута. Со тоа тој осигури Тигрес да биде претставник на Северна Америка на клупското Светско првенство (СП) на ФИФА, во Катар, во февруари в година, каде што ќе им се придружи на Ал Ахли (победник на Лигата на шампионите на Африка), Баерн (освојувач на Лигата на шампиони во Европа), Улсан (победник на Лигата на шампионите на Азија), Окланд сити (претставник на Океанија), победникот на Копа Либертадорес во Јужна Америка (финалето е предвидено да се игра во јануари 2021 година) и е домаќин на Ал Духаил, пишува ФИФА.