Британските истражни органи објавија дека телото, извадено од авионот со кој напаѓачот на Кардиф, Емилијано Салa патуваше во Кардиф, му припаѓа на фудбалерот.
За потсетување, приватниот авион кој исчезна од радарски екрани вечерта на 21 јануари беше пронајден на дното на Англискиот канал, а пребарувачите пронајдоа едно тело во него.
Дваесет и осумгодишниот Сала се пресели во Кардиф од Нант на 19 јануари, но не успеа да одигра ниту еден натпревар за велшкиот клуб.