Суперкупот на Италија меѓу Јувентус и Милан ќе се одржи во Саудиска Арабија на 16 јануари на стадионот во Џеда.
Имаше сомнежи во врска со натпреварот поради убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудиската амбасада во Турција. Поради тоа, организациите за човекови права во Италија повикаа на преместување на средбата, а „Амнести интернешнл“ побара двата клуба да го бојкотираат местото на одигрување на натпреварот. Сите овие жалби не беа успешни по конечната одлука на Италијанската фудбалска федерација.
Суперкуп натпреварот се одржа првпат во 1988 година, а оттогаш често се игра надвор од Европа. Првпат во 1993 година, Милан и Торино излегоа од Италија и натпреварот за трофејот го одиграа во главниот град на САД – Вашингтон.