Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, со португалски Спортинг Лисабон ќе игра против турски Башакшехир во шеснаесеттинафиналето на Лига Европа, што беше одредено на денешната ждрепка влечена во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
Ланскиот финалист Арсенал ќе се соочи со грчки Олимпијакос, Манчестер јунајтед ќе се сретне со белгиски Бриж, а Интер ќе игра против бугарски Лудогорец.
Првите натпревари се закажани за 20 февруари в година, а реваншите ќе се играат седум дена подоцна.
Шеснаесеттинафинале на ЛЕ, двојки
Вулверхемптон – Еспањол
Спортинг Л. – Башакшехир
Хетафе – Ајакс
Баер – Порто
Копенхаген – Селтик
АПОЕЛ – Базел
Клуж – Севилја
Олимпијакос – Арсенал
Аз Алкмар – Ласк Линц
Бриж – Манчестер Ј.
Лудогорец – Интер
Франкфурт – Салцбург
Шахтер – Бенфика
Волфсбург – Малме
Рома – Гент
Ренџерс – Брага