ФУДБАЛ
Во ист ден четири големи дерби-мечеви во Европа
Традиционални големи дерби-средби на програмата се викендов во некои од најсилните домашни европски фудбалски првенства. Така, утре во Шпанија ќе играат Барселона и Реал Мадрид во т.н. „ел класико“, во Англија се среќаваат Манчестер јунајтед и Ливерпул, во Италија на програмата е „дербито на Италија“, дуелот Интер – Јувентус, во Франција во ова коло е дуелот помеѓу Марсеј и Пари сен Жермен…
ФУДБАЛ – РАНГ-ЛИСТА НА ФИФА
Бразил ја намали разликата до водечката Белгија, Македонија 74-та…
Репрезентацијата на Белгија остана прва на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), а селекцијата на Македонија 74-та, на октомвриската листа на ФИФА. Во октомври се одиграа вкупно 160 натпревари, чие влијание може да се види на рангирањето, па, така, селекцијата на Белгија останува на првото место, Бразил останува втор, но сега со само 12 поени заостанување, пишува ФИФА на својата интернет-страница. На листата во септември разликата помеѓу двете репрезентации беше 21 поен.
Меѓу првите пет репрезентации на листата за октомври, само Франција и Италија ги подобрија своите позиции, за по едно место, па сега Франција е трета, а Италија е четврта. Шпанија сега е седма (едно место подобро отколку во септември), Португалија е осма, Германија скокна две места и сега е на 12-та позиција…
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Новата сезона во Светскиот куп почнува пред публика
Традиционалното отворање на сезоната во Светскиот куп во алпско скијање на програмата е денеска и утре, во Зелден (Австрија), со две велеслаломски трки. Неверојатниот глечер Ретенбах е подготвен за почеток на сезоната 2021/2022, вкупно 56-та во Светскиот куп. Титулите во генералниот пласман во минатата сезона ги освоија Петра Влхова од Словачка и Алексис Пинтуро од Франција. Следејќи ги здравствените прописи, организаторите конечно ќе можат да ги пречекаат гледачите на трка од Светскиот куп, по затворените трки од минатата сезона, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС) на својата интернет-страница. Во продажба се 5.000 билети за денешната трка за жени и исто толку за утрешната за мажи.