Многу голови, атрактивни потези, црвен картон, им овозможија екипите на Торино и Сасуоло на фудбалските фанови во 36. коло на Серија А. Гостинскиот тим двапати водеше, но на крајот со наведната глава го напушти теренот во Торино, победа на домашните од 3-2.
Торино со денешните три бода остана во трка за излез во фудбалска Европа.
Бурабиа во 27. минута погоди за 0-1. Белоти во 56 израмни на 1-1 и се извади за промашениот пенал во 17 мунута.
Во 71. минута Сасуоло повторно погоди за 1-2, стрелец Лирола.
Сепак домаќините не се предадоа. Најпрво Заза во 81 минута донесе израмнување 2-2, а само минута подоцна Белоти со вториот негов гол на мечот, спектакуларен, со ножички носи победа од 3-2 и нови три бода на контото на својот тим.