ФУДБАЛ – ГЕРМАНИЈА

Германската фудбалска Бундес-лига беше првата голема европска лига што продолжи по паузата поради пандемијата на коронавирусот, а Фудбалската опсерваторијата на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС), која користи податоци на „ОптаПро“, објави статистички податоци во повеќе категории, па голманот Јан Сомер од Борусија Менхенгладбах ја предводи табелата според бројот на одбрани (105 или 76,1 отсто), Кингсли Ехизибуе (Келн) направи најмногу успешни стартови (48), а најмногу освоени топки сезонава во Бундес-лигата направија Омар Маскарел (Шалке) и Џамилу Колинс (Падерборн), по 62.

Алфонсо Дејвис (Баерн) ја предводи ранг-листата за број на успешни дриблинзи (72), Свен Бендер (Баер) за точни додавања (1.967 или 90,9 отсто), Кристофер Нкунку (Лајпциг) за асистенции на шанси (72) и Роберт Левандовски (Баерн) за шутеви кон голот (119). Централниот напаѓач на Унион Берлин, пак, Себастијан Андерсон е убедливо најуспешен во воздушни дуели (210).