Сер Алекс Фергусон повторно ќе застане на чело на Манчестер Јунајтед. Ова ќе се случи на 26 мај, кога англискиот фудбалски клуб ќе одбележи 20 години од историската тројна круна.
На овој датум ќе се одржи хуманитарен натпревар со Баерн Минхен, кој Јунајтед го победи на финалето во Лигата на Шампионите во 1999 година. Во легендарната победа на „Камп Ноу“, прецизни за пресвртот над Баварците беа Теди Шерингам и Оле Гунар Солскер, кој во моментов е менаџер на англискиот гигант.
На 26 мај легендите на Јунајтед, предводени од 77-годишниот Алекс Фергусон ќе се соочат против ѕвездите на Баерн од блиското минато во повторување на финалето од 1999 година.
Сите собрани средства ќе одат во Фондацијата Манчестер јунајтед.
– Со нетрпение го очекувам овој специјален ден на „Олд Трафорд“. Ќе биде одлично да видиме некои познати лица и одлична можност даја поддржиме фондацијата на Манчестер jунајтед – прокоментира Сер Алекс Фергусон.
Во подоцнежна фаза ќе бидат објавени имињата на играчите кои ќе учествуваат на мечот.
Пред неколку дена, Фергусон се врати на својот омилен стадион, кога го поддржуваше Јунајтед на мечот осминафиналето на ЛШ со ПСЖ. Тимот на Солскер загуби од парижаните со 0-2.