Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) официјално аплицира за дозвола клубовите во Серија А да имаат шанса да користат пет замени во еден меч.
Претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, веќе пратил апликација до Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ) барајќи промена бидејќи ИФАБ, а не ФИФА, ги контролира правилата на фудбалската игра.
Ова нема да биде новост во Италија бидејќи клубовите во Серија Ц и Серија Д веќе имаат ваква можност. Ако барањето се дозволи, Серија А ќе стане првата голема европска лига што има вакви правила.