Македонија дочека пласман на едно големо фудбалско натпреварување, на кое ќе има можност првпат да ја види својата репрезентација меѓу најдобрите селекции во Европа, а со тоа и за првпат да ги види своите херои во познатиот албум на „Панини“, додека македонските љубители на фудбалот нема да го поставуваат прашањето „за кого ќе навиваш на Европско“, кое беше вообичаено во пресрет на претходните континентални турнири. Ваков впечаток се стекнува и преку реакциите на Твитер по пласманот на Македонија на Европското првенство в година.
– Е на ова Европско првенство нема да има прашања од типот „за кого навиваш на европсково”, па да има одговори: Англија, Шпанија, Италија, Германија… Туку сега сите ќе бидеме за Македонија! – гласи еден од коментарите на Твитер.
Е на ова Европско Првенство нема да има прашања од типот: "за кого навиваш на европсково" па да има одговори: Англија,Шпанија,Италија,Германија… Туку сега сите ќе бидеме за Македонија! ??
— Маршалот (@Majku_Vam_Bozju) November 13, 2020