Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, истакна дека белгискиот фудбалер Еден Азар останува во клубот, но дека поради исцрпеноста од неодамна завршеното Светско првенство во Русија не знае колку ќе игра на следниот натпревар против Њукасл.
– Не знам дали Азар е подготвен за сите 90 минути, но тој би можел да почне. Среќен сум кога станува збор за него, бидејќи сака да остане и сака да игра. Јас сум тренер на еден многу добар тим и работам во голем клуб. За мене е важно да не продаваме играчи, ако не можеме да ги замениме со други на исто ниво. Но, Азар останува со нас оваа сезона – истакна Сари.
Во следното коло од Премиер лигата во недела Челзи ќе се соочи со Њукасл.