ФУДБАЛ – ИЗБОР НА ФИФА И НА ФИФПРО

Кристијано Роналдо е единствениот играч што се појавил на сите досегашни 16 избори на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и на Здружението на професионални фудбалери (ФИФПРО) за најдобрите 11 во една сезона, објави ФИФА, која ги објави 55-те играчи со најмногу гласови во изборот за сезоната 2019/2020. На него има 11 играчи на европскиот првак Баерн, единаесетмина што првпат се на една ваква листа итн.
Ова е 16-то издание на изборот на најдобрите 11, а 12-то заеднички организирано од ФИФПРО и од ФИФА. Од почетокот на ваквиот избор, во 2005 година, Лионел Меси 15-ти пат е избран на поширокиот список, Дани Алвеш и Серхио Рамос се пласираа по 14-ти пат по ред. Вкупно 11 играчи првпат се на една ваква листа со 55 фудбалери, и тоа Џанлуиџи Донарума, Уго Лорис, Тоби Алдервирелд, Алфонсо Дејвис, Деле Али, Бруно Фернандес, Леон Горецка, Џордан Хендерсон, Пјер-Емерик Обамејанг, Серж Гнабри и Ерлинг Холанд. Лорис (33) е најстариот дебитант на годинашната листа, Алвеш е само вториот фудбалер што се најде на списокот со 55 играчи, додека не играше во Европа (Нејмар беше првиот играч што го стори тоа), Бразил и Германија се земјите со најмногу фудбалери на потесниот избор (по осум), пишува ФИФА на својата интернет-страница.
ФИФПРО и ФИФА ги поканија сите професионални фудбалери низ светот да гласаат за категориите голмани, дефанзивци, играчи од средниот ред и напаѓачи. Голманот, како и по тројца дефанзивци, плејмејкери и напаѓачи што добија најмногу гласови ќе бидат избрани во најдобрите 11 за сезоната 2019/2020, а едно место во изборот ќе му биде доделено на играчот со следниот најголем број гласови.
ФИФА и ФИФПРО на 17 декември ќе ги објават првите 11 за сезоната 2019/2020.