Враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ и слабата игра на Манчестер јунајтед во офанзива во поразот од Јувентус 0-1, на вечерашниот меч од фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), претставуваат потсетник за потрагата на „бебињата“ за пронаоѓање на следната „величествена седумка“, која трае уште од заминувањето на Португалецот од англискиот клуб. Пауло Дибала беше стрелец на единствениот гол на средбата во 17-та минута, додека домаќинот не успеа да се закани посериозно.
Во 2013 година, кога Роналдо гостуваше со Реал Мадрид на „Олд Трафорд“, одличниот крилен напаѓач беше најавен како „величествената седумка“ од страна на спикерот на стадионот, по што доби овации од публиката пред мечот. Шпанците потоа славеа со 2-1 со решавачкиот гол на Португалецот, елиминирајќи го домаќинот во осминафиналето на ЛШ.
Се чини дека Јунајтед не успеа да пронајде ѕвезда како што е Роналдо, по неговото заминување во Реал Мадрид во 2009 година, во трансферот вреден 94 милиони евра. Оттогаш, легендарната „седумка“ на црвениот дрес ја носеа, Мајкл Овен, Анхел ди Марија, Мемфис Депај, како и Алексис Санчез во сегашниот состав (сите заедно постигнаа вкупно 56 гола). Ниту еден од овие играчи не ги оправда очекувањата кои ги носи бројот, што пред нив им припаѓаше славните Дејвид Бекам, Ерик Кантона, Брајан Робсон, Џорџ Бест…
Токму затоа, враќањето на Роналдо потсети на претходните успеси на Јунајтед (последен пат беше европски првак во 2008 година, со Португалецот во составот), кои англискиот клуб се обидува да ги повтори додека трага по следната „величествена седумка“.
ВЕЧЕРАШНИ РЕЗУЛТАТИ
Група Е
АЕК – Баерн 0-2
Ајакс – Бенфика 1-0
Табела: Ајакс 7, Баерн 7, Бенфика 3, АЕК 0.
Група Ф
Хофенхајм – Лион 3-3
Шахтер Д. – Манчестер С. 0-3
Табела: Манчестер С. 6, Лион 5, Хофенхајм 2, Шахтер 2.
Група Г
Рома – ЦСКА М. 3-0
Реал М. – Плзен 2-1
Табела: Реал М. 6, Рома 6, ЦСКА М. 4, Плзен 1.
Група Х
Јанг Бојс – Валенсија 1-1
Манчестер Ј. – Јувентус 0-1
Табела: Јувентус 9, Манчестер Ј. 4, Валенсија 2, Јанг Бојс 1.