Бразилскиот фудбалер Роналдињо откри интересни детали од времето кога го носеше дресот на Пари Сен Жермен.
Во 2003 година, тој бил многу близу до трансфер во Манчестер Јунајтед, но на крајот ја избрал Барселона.
Во исто време една од ѕвездите на „црвените ѓаволи“ – Дејвид Бекам, потпишува со Реал Мадрид и менаџерот на Манчестер Јунајтед во тоа време, Сер Алекс Фергусон е близу до тоа да го доведе Роналдињо на „Олд Трафорд“.
Шкотланѓанецот сепак е претркан од претседателот на каталонците, Сандро Росел, кој успева да го привлече бразилскиот фудбалер на „Камп Ноу“.
– Во прашање беа 48 часа, но Сандро Росел прв ме праша: „Ако станам претседател на Барселона, ќе дојдеш ли?“. Реков – да. Ги завршувавме деталите од договорот со Јунајтед, кога Росел ме повика да ми каже дека ќе победи на изборите. И му ветив дека ќе играм за Барса. Имаше брзи преговори. Им реков на Англичаните дека ја одбирам Барса. Тоа беше вистинскиот избор. Бразилците секогаш ја сакале Барса. Имаме историја таму. Надвор од теренот не постои такво место во Европа, затоа секогаш сме среќни да играме таму. Многу ми недостасува Барселона“ – изјави бразилската фудбалска легенда за „FourFourTwo“.
Роналдињо откри и уште нешто интересно – во 2011 година тој имал разговори за трансфер во англискиот клуб Блекбурн Роверс, но на крајот избрал да се врати во својата татковина.