Вто­ри­от фи­на­лен нат­пре­вар во Ко­па ли­бер­та­до­рес, по­ме­ѓу ар­ген­тин­ски­те ти­мо­ви од Бу­е­нос Аи­рес, Бо­ка ју­ни­орс и Ри­вер пла­та, ќе се оди­гра во До­ха, Ка­тар, в са­бо­та, на 8 де­кем­ври, нај­а­ви јуж­но­а­ме­ри­кан­ска­та фуд­бал­ска кон­фе­де­ра­ци­ја (КОНМЕБОЛ).

Ме­чот би тре­ба­ло да се игра на ста­ди­о­нот „Ка­ли­фа“, кој е со ка­па­ци­тет од 40.000 ме­ста и во гра­дот од­да­ле­чен 13.306 км од Бу­е­нос Аи­рес.

Пр­ви­от меч на кој до­ма­ќин бе­ше Бо­ка ју­ни­орс на ста­ди­о­нот „Бон­бо­ни­е­ра“, пред 50.000 свои на­ви­ва­чи за­вр­ши без по­бед­ник, 2-2. Ре­ванш-ме­чот што тре­ба­ше да се оди­гра ми­на­та­та са­бо­та, на ста­ди­о­нот „Мо­ну­мен­тал“ на Ри­вер пла­та, пред 70.000 до­маш­ни гле­да­чи бе­ше од­ло­жен отка­ко бе­ше на­пад­нат авто­бу­сот со фуд­ба­ле­ри­те на Бо­ка, на па­тот кон ста­ди­о­нот и по по­ли­ци­ска­та ин­тер­вен­ци­ја при што на­стра­даа не­кол­ку­ми­на игра­чи на Бо­ка.

По­бед­ни­кот на Ко­па ли­бер­та­до­рес по ме­чот би тре­ба­ло да оста­не на Бли­ски­от Исток, на нат­пре­ва­ри­те во рам­ки­те на Свет­ско­то клуп­ско пр­венс­тво што ќе игра во Абу Да­би и во Ал Аин, во Обе­ди­не­ти­те Арап­ски Еми­ра­ти, од 12 до 22 де­кем­ври и на кој тре­ба да на­ста­пат се­дум­те кон­ти­нен­тал­ни пр­ва­ци. Но спо­ред не­кои нај­а­ви од Ар­ген­ти­на, Бо­ка ју­ни­орс од­би­ва да го игра ре­ван­шот и ба­ра да би­де прог­ла­сен за пр­вак на Јуж­на Аме­ри­ка по ад­ми­ни­стра­ти­вен пат.

Л.Д.